Витни Буха од Чикаго на социјалните мрежи ја покажа деформацијата по примањето на поголема доза ботокс. Таа ќе мора да почека неколку недели или месеци пред нејзините очи да се вратат во нормала.

Витни Буха на своите следбеници на Инстаграм им откри дека и вбризгале ботокс на погрешно место и во преголема количина.

Иако во видео снимката која ја објави таа се смее, свесна е дека ќе мора да почека доста долго додека нејзиното лице да се врати во нормала.

Докторот кој и го направил ова, како што вели таа, се обидувал да и ги избалансира веѓите со четири единици ботокс под левата веѓа која сакал да ја подигне, но наместо тоа, тој дел драстично опаднал надолу.

Големите дози на ботокс не се добри бидејќи можат да дадат контраефект, како кај Витни, па така при претерана количина или погрешно вбризгување вашите усни ќе изгледаат опуштени надолу, или пак веѓите како во овој случај ќе опаднат надолу, а тоа може да трае и 6 месеци.