Силна експлозија одекна на аеродромот во Аден во Јемен во моментот на слетување на авионот со новиот владин кабинет.

– Силна експлозија одекна во холот на аеродромот каде се чека за полетување, во моментот на слетување на авионот со сите министри во новата влада. Има загинати и ранети, вели извор цитиран од Спутник.

Членовите на владата кои во тој момент пристигнаа од Саудиска Арабија не се повредени, бидејќи во моментот на експлозијата се наоѓаа во авионот.