Црвена Звезда и во втората пресметка со гигантот Милан остана непоразена. По оние 2:2 во Белград, вечерва на „Сан Сиро“ избраниците на Дејан Станковиќ одиграа 1:1. Милан поведе преку Кеси, а зрамни Бен. Двата гола паднаа во првото полувреме. Српскиот тим одигра храбар меч, навистина се надигруваше со големиот фаворит, мечот го заврши и со играч помалку, но веројатно „Росонерите“ завршија голема работа со двата голови на првиот натпревар.