Ситуацијата на Капитол Хил ескалираше откако заедничката седница на двата дома на Конгресот беше прекината откако демонстрантите упаднаа во зградата на Конгресот.

Капитол хил беше ставен во „лок даун“ непосредно пред рацијата на полицијата. Вработен во Си-Ен-Ен се обиде да ја напушти зградата, каде се уште се одржуваше седницата на Конгресот, но не можеше затоа што полицијата рече дека зградата е во „блокада“, што значи дека никој не може да влегува и да излегува.

Приврзаниците на американскиот претседател Доналд Трамп се судрија со полицијата во близина на зградата на Капитол, пренесува Ројтерс. Ен-Би-Си јавува дека има и повредени, а откако биле туркани, дел од демонстрантите успеале да влезат во зградата на Конгресот.
Градоначалникот на Вашингтон, поради хаосот, најави дека полицискиот час ќе стапи на сила во 18 часот по локално време.

Илјадници приврзаници на американскиот претседател Доналд Трамп, кој претходно на митинг изјави дека „никогаш“ нема да го признаат поразот, се собраа во Вашингтон на протести пред состанокот на Конгресот, на кој се очекува да биде потврдена победата на Бајден.