Иако од претходно имаше најави дека швајцарскиот тениски великан нема да биде дел од првиот грен слем турнир, најновите информации велат дека ќе настапи на стартот од наредната сезона.

Претходно се опоравуваше од повредата и започна да тренира овој период, директорот на „Австралија Опен“, Крег Тили откри дека Рожер Федерер ќе биде во жрепката.

– Постојат толку многу одлични приказни за АО 2021. Серена Вилијамс се бори за својата осма титула, додека Новак Ѓоковиќ, кој честопати изгледа непобедлив во „Мелбурн паркот“, оди на рекордна деветта титула. Нашиот најдобар играч Ешли Барти се враќа на грен слемот, како и Рожер Федерер, кој се враќа од повредата. Многу суперѕвезди, турнирот ќе биде голем предизвик за секого. Очекуваме одлични неколку недели тенис во Мелбурн – рече Тили.

Воедно директорот го потенцира задоволството што публиката ќе се врати на трибините во Мелбурн:

– Со нетрпение очекувам да ги пречекам најдобрите играчи на светот во Мелбурн и тоа ветува дека ќе биде спектакуларен „Австралија опен“, по една година пауза на ниво што никој од нас не го доживеал досега. Иако АО ќе изгледа малку поразлично од претходните години, безбедноста на сите нас е врвен приоритет. Имаме можност да изведеме многу безбеден и среќен грен слем и да им дадеме на играчите искуство за натпреварување пред публика, што го пропуштивме во поголемиот дел од оваа година – додаде Тили.

Федерер ќе биде 5-ти носител на турнирот во Австралија и можно е да се сретне со првиот светски рекет во четвртфиналето, што беше редок случај во последната деценија, бидејќи нивните дуели најмногу се гледаа во полуфиналето и финалето.

Новак е прв носител, втор е Рафаел Надал, трет Доминик Тим, а четврти е Данил Медведев. Во топ 10 се и Стефанос Циципас, Александар Зверев, Андреј Рубљов, Диего Шварцман и Матео Беретини.