Герет Бејл, беше стрелец на клучниот гол во судиското продолжение од финалето на плеј-офот за шампион во американската МЛС лига. Лос Анџелес за првпат стана првак, победувајќи во финалето против Филаделфија, по изведувањето на пенали.

Се чинеше момците од Лос Анџелес влегоа во безизлезна ситуација, но на крајот се појави – Герет Бејл. По 90 минути натпреварот заврши со резултат 2-2, но во 116. минута Лос Анџелес остана со играч помалку и прими гол. Сепак, во 128. минута се појави Герет Бејл.

Некогаш најскапиот фудбалер на светот постигна гол со глава за 3-3 и огромно славје за својот тим. По тој гол фудбалерите на Филаделфија беа во шок, толку што никој од нив не реализираше пенал при изведувањето удари од белата точка со кои се решаваше шампионската титула.

Прикажи повеќе