Прочитајте го обраќањето на годинашниот македонски претставник на Евровизија, Васил Гарванлиев.

„Роден во Струмица 1984 година. Во 1997 година, мојата фамилија одлучи да се преселиме заедно во Чикаго каде што живеевме неколку години. Нѐ депортираа од Чикаго, и кога се вративме јас бев малолетен, фамилијата одлучи да направи неколку чекори, за безбедност и за иднина и за сите нас. Мојата баба, мајка на татко ми, е родена во село Игралиште, надвор од Петрич, што ни овозможи да добиеме бугарски пасоши, кој го имам веќе 20-ина година. Закон е, дека во нашата држава Македонија, двојно државјанство е дозволено. Имам живеено 10 години во Торонто, 8 во Чикаго, 1 во Милано и 1 во Лондон, неколку со куфер патувајќи, имам застанато на светските сцени во Париз, Амстердам, Цирих, Њујорк, Чикаго, Торонто, листата продолжува…

За мене најважно и најгордо нешто беше тоа што, првата реченица во мојата биографија низ цел свет беше „Македонскиот баритон Васил Гавранлиев ја започна својата кариера на 7 години во својата родена земја…

Честа, желбата, можноста, гордоста, одговорноста, да бидеш претставник на олимпијадата за пеење Евровизија е огромна.  Ја прифатив со отворено срце, зашто знам каква е таа одговорност, и знам што можам, и со душа чекам да застанам на таа сцена… И искрено да вибрирам во црвено-жолта боја.

Спотот… Поради коментарите лани, дека нема доволно Македонија во спотот, изразив огромна желба годинава и зборувавме многу, да вклучиме колку што може повеќе Македонци во нашиот проект и сум горд на тоа. Врвните музичари на „Фејм“ студуото, благодарение на Дита од Даут-пашин амам.

Во моментот кога дознав дека луѓе се погодени и по грешка е сфатено тоа дело во музејот, направив чекор, спотот беше сменет. Интервјуто што циркулира викендов е дадено пред една година.

Во музика нема политика, нема раса, нема боја, има љубов, има човештво, има енергија…

Ако некој е повреден од тоа што јас го направив ненамерно, многу случајно, јас се извинувам од сесрце. Не се извинувам за тоа што сум јас, но ако имам повредено некој, кои и да сте, простете ми.

За крај ве оставам со преводот на рефренот на „Here I stand“:

Сите ќе пробаат да те скршат и соборат, без да знаат дека тоа те прави посилен да продолжиш понатаму.

Еве ме пред вас, без глума, со срушени ѕидови на моето срце во вашите раце,

Ви благодарам….“

По реакциите за сличностите на уметничкото дело со бугарското знаме ќе се менува евровизискиот спот на Гарванлиев

Ексклузивно за Слободен печат – Васил Гарванлиев: Некој очигледно сака да прави скандали без потреба

ВИДЕО: Македонскиот претставник на Евровизија Васил Гарванлиев вели дека има и бугарски пасош