Кристијан Ериксен се појави во тренинг кампот на Интер.  Средбите со неговите соиграчи беа емотивни. Тој за прв пат допатува во Милано откако за време на ЕУРО 2020 колабираше на теренот, па мораше да му биде извршена операција.

Пред извесно време беше објавено дека Ериксен повеќе нема да игра фудбал, а потоа дека нема да може само во Италија поради строгите правила. Сепак, Данецот во Милано е со лекарот. По дополнителни прегледи и тестирања Ериксен треба да донесе одлука дали ќе му биде остранет вградениот дефиблиратор, за да може да ја продолжи кариерата во Интер.