Поради ниските температури во Украина, целата снежна покривка е замрзната, а улиците во Киев се супер – лизгави.

Една безбедносна камера направи краток комичен нем филм како граѓаните на Киев се соочуваат со непријатностите кои ги причинуваат заледените улици.

На видеото може да се види како на еден дел од една улица е толку многу заледен што граѓаните наоѓаат најразлични начини да се движат по неа.

Главниот лик во видеото е една млада дама која никако не може да стигне да се качи на тротоарот и да стигне онаму каде што тргнала.

Лизгавата површина ја турка како да е на лизгалка и од која страна да се обиде да си тргне по патот постојано паѓа.

Преземено од Еспресо.мк