Иако актерот Двејн Џонсон, познат како „The Rock“, денес е успешен и богат, не било така отсекогаш.

Во тинејџерските години, кога актерот дошол во Нешвил, немал воопшто пари за егзистенција и немал каде да живее. Тогаш му помогнал неговиот поранешен менаџер во борење Бруно.

Имено Двејн не заборавил колку тој човек му помогнал во деновите кога немал ништо. Години подоцна тие сè уште се многу добри пријатели.

Неодамна актерот му приредил изненадување и му купил автомобил вреден 30.000 американски долари. Џонсон го снимил целото изненадување и го објави на социјалните мрежи.

Не можам да ти се заблагодарам доволно за она што го направи кога имав 15 години. Имаше целосно право да кажеш дека не го познаваш тоа дете и не сакаш да живееш со него, но сепак ме прими во својот дом. Бруно, тоа многу ми значи затоа што ми го смени животот. Те сакам и сум и благодарен сум ти. Ти благодарам што ми го купи мојот прв автомобил, и сега имам можност да ти кажам: ова е твојот нов автомобил“, рече Двен во видеото.

Откако актерот го смести во неговиот нов автомобл, на Бруно му се насолзиле очите од радост и шок.

Никој не направил вакво нешто за мене, никогаш. Те сакам“, му рече Бруно.