Независниот кандидат за градоначалник од граѓанската иницијатива „За наше Куманово“ Максим Димитриевски доби поддршка од коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива за вториот изборен круг, а денеска по тој повод беше потпишан и меморандум за соработка.

Како што истакна Даниел Стојчевски, шеф на изборниот штаб на „За наше Куманово“, поддршката секојдневно расте.

– Чест ми е што можам да информирам дека коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива ќе нѐ поддржи во вториот круг и веќе имаме направено коалиција со нив. Ви благодарам од срце, а воедно се заблагодаруваме на сите останати граѓани кои го препознаа нашиот концепт кој е искрен, чесен и има за цел Куманово да го направи поубаво место за живеење. Во следниот мандат ќе продолжиме да работиме за сите граѓани подеднакво без поделби. Како и досега ќе работиме за секој еден кумановец, без ралзика на неговата етничка, верска, партиска или било каква друга различност, рече Стојчевски.