Тотенхем со убедливи 4:0 го совлада Барнли, а  за само четири дена забележува победа со идентичен резултат откако во Лига Европа исто така со 4:0 славеше против Волфсбергер. На тој меч многу критикуваниот Герет Бејл постигна навистина прекрасен гол, а на денешниот против Барнли беше стрелец на два погодока. Па, се поставува прашањето дали тоа Герет Бејл го буди Тотенхем. Секако, останува да се види какви резултати ќе забележи екипата на следните мечеви.  Инаку, останатите два гола на денешниот меч беа дело на Кејн и Лукас.