Славното музичко дуо Драган Спасов-Дац и Александар Митевски, токму на роденденот на нивниот хит „Корона Чао“, ја израдуваа публиката со нова преработка, насловена „Вакцина“.

Понесени од актуелната тематика, вакцината против ковид-19, Дац и Митевски ја создадоа нумерата „Вакцина“, кавер верзија на „Марина“ од Роко Граната. Специјален гостин во нумерата „Вакцина“ е Денис Јанкуловски – Космонаутко.

„Пристигна ВАКЦИНА за добро расположение! И тоа како подарок за вас, на денешниот роденден на „Корона Чао“. Убавите идеи се раѓаат наеднаш, од никаде, од секаде… Ќе светне како сијаличка и треба да ја зграпчиш и да се зафатиш со неа, за да излезе онака како што посакуваш. Сѐ се сними и направи за еден ден, како што обично знаеме. Но, насмевката на лице и доброто расположение ќе ви траат со денови и месеци. Ова е една наша идеја на која не ѝ дозволивме да ни побегне. Ширете ја насекаде. Искрено се надеваме дека трудот не беше залуден“, порачаа музичарите под објавата на премиерата на песната.