Со месеци трае хаосот во македонското здравство поради неспособноста на Таравари и и ДПМНЕ. Најпогодени се онколошките пациенти, чии животи се загрозени поради катастрофалниот менаџмент, вели Симона Цветановски – членка на Извршниот одбор на СДСМ.

„Катастрофални услови, неизвесност, чекање, недостаток на кадар, голготата која ги засега пациентите од целата држава продолжува. Откако веќе со недели недостасува биолошката терапија на Клиниката за онкологија, сега еден месец не функционира ниту единствениот државен ПЕТ-скенер“.

Поради ова, како што наведува, пациенти од целата земја, чии терапии директно зависат од оваа дијагностичка процедура, се оставени без неопходното скенирање.

Според неа, наместо соодветен третман во јавното здравство, тие се принудени да бараат алтернативни решенија во приватните болници, каде што цените се екстремно високи, или во здравствени установи во регионот, што дополнително го зголемува нивниот финансиски и психолошки товар.

„Министерот Таравари и Владата на ДПМНЕ покажуваат целосна неспособност во управувањето со здравствениот систем, а цената за тоа ја плаќаат граѓаните и пациентите. За ова мора да има одговорност“, нагласува таа.

СДСМ бара одговорност од директорката Невена Маневска и од министерот за здравство, Арбен Таравари.

Министерството за здравство мора, додава Цветановски, веднаш да ја стави во функција дијагностичката апаратура и да обезбеди континуирано снабдување со неопходните терапии.

Граѓаните, како што оценува, не смеат да бидат жртви на неспособноста и негрижата на оваа власт!

Текстот (Видео) Цветановски: Продолжува голготата на онколошките паценти, не работи единствениот државен ПЕТ скенер е превземен од МАКФАКС.