Цела Куба остана без струја откако ураганот Ијан удри во западниот брег на островот. Владата кажа дека електричниот систем доживеал целосен колапс зашто главната електрана не можела да се врати во погон.

Најмалку две лица загинаа, а оштетени згради има низ целата земја.

Ураганот од трета категорија, кој носи ветрови до 195 километри на час, сега се движи кон Флорида, каде што треба да удри подоцна денеска. Се очекуваат високи бранови, поплави и силни ветрови.

Шефот на кубанската енергетика изјави дека целосното помрачување на островот се случило како резултат на распадот на националниот електричен систем, што оставило 11 милиони луѓе во темница.

Ијан собираше сила во Мексиканскиот Залив откако ја помина Куба и би можел да ја погоди Флорида како ураган од четврта категорија. Околу 2,5 милиони жители на западниот брег на Флорида добиле наредба да се евакуираат, бидејќи се соочуваат со најсилниот ураган од 1921 година.

Прикажи повеќе