Интер е на чекор до титулата бидејќи и по денешното коло разликата со Милан останува 11, а со Јувентус 15 бодови. Тимот на Антониот Конте победува и кога не игра добро. Против Каљари потешко од очекувањата стигна до трите бода. Најзаслужни се бековите. По комбинацијата со Лукаку, резервистот Хакими го проигра Дармијан кој беше стрелец на единствениот гол.
Интер е лидер со 74 бодови, Милан има 63, додека Јувентус 59, но и натпревар помалку. До крајот на сезоната остануваат уште осум кола, па доколку продолжи вака, Интер ќе ја освои шампионската титула по пауза од 10 години.