Денеска во рамките од 19 коло во најсилното шпанско првенство ремизираа Кадиз и Леванте (2:2), а кај гостите на клупата за резерви беше нашиот Енис Барди кој се врати во составот по подолг период поради повреда, но не доби минутажа.

Сите погодоци беа реализирани во првото полувреме, уште во четвртата минута Кадиз поведе со голот на Переа. Само четири минути подоцна израмни Леванте преку Рожер, а на истиот играч му беа потребни само 180 секунди за да направи целосен пресврт.

Не помина ниту половина час од играта, го видовме и четвртиот гол на средбата, во 28 минута за нов егал се погрижи Кала.

Со истиот резултат заврши уште еден меч помеѓу екипите на Ваљадолид и Елче. Вечерва од 21.30 часот во оваа рунда силите ќе ги одмерат Алавес и Севиља.

Леванте останува во средниот ред на табелата во „Ла Лига“, поточно на 11 место со 22 бодови, додека Кадиз е на осмата позиција со 24 бодови.