Сериозен инцидент се случил на плошдатот „Скендербег“ во Тирана. Непознато лице ги пробило бариерите, и со автомобилот влегло на плоштадот, при што ги загрозило животите на десетици лица присутни на местото.

Едно лице кое било присутно на настанот, интервенирало и го неутрализирало возачот на автомобилот. Нема повредени граѓани, а возачот на автомобилот е уапсен.