Јапонскиот оперски пејач Казухиро Котецу едноставно не престанува да ја воодушевува македонската јавност со своите извонредни изведби на македонски песни.

За неговиот интерес за македонската народна музика е заслужен и нашиот оперски пејач Благој Нацоски, со кого Казухиро соработувал во минатото и кој воедно му ја доближил магијата на македонскиот мелос.

По изведбата на бројни македонски песни како „Македонско девојче“, македонската химна, легендарната песна од Јонче Христовски  – „Ако умрам ил’ загинам“ и многу други, јапонскиот оперски пејач Казухиро, сега ја отпеа и безвременската „Оди ѕвездо“ од Наум Петрески.

Котецу е познат јапонски уметник, кој воедно е и дел од операта во Токио, но покрај своите професионални ангажмани, голем дел од своето време го посветува на истражување на богатата македонската народна музика од која и самиот е воодушевен и дава сè за да ја пренесе на свој, уникатен начин.

Останатите негови изведби можете да ги слушнете на неговиот „Јутјуб“ канал – „Tokyo Opera“.