Мери и Гордон се во брак 67 години, но во последните месеци биле разделени.

Мери Дејвис (89) од Англија не го видела својот сопруг Гордон (89) скоро цела година, кој претходно бил во дом за стари и изнемоштени лица. Во февруари оваа година, Мери заминала во друг дом и конечно, овој месец, пристигнал и Гордон во истиот дом.

Вработените во домот ја снимиле нивната средба по долгата разделба, која никого не остава рамнодушен.

“Тоа беше прекрасно. Толку е убаво што би посакале да го гледате повторно секој ден. Кога тој замина дома, не можев да ги запрам солзите, но сега сме повторно заедно“, изјавила Мери, која сега повторно ќе ја дели соба со својот животен партнер.