Си одел лавот по џунглата и паднал во некоја стапица. Дошол зајакот и го прашува:
– Лавче што правиш ти таму долу.
А лавот му одговорил:
– Па еве како што гледаш паднав во оваа стапица.
И тогаш зајакот почнал да го пцуе, да го вреѓа. Но одеднаш зајакот се лизнал и паднал во стапицата каде што е лавот. Зајакот станува се чисти и му вели на лавот:
– Е па лавче можеби нема да ми веруваш, но јас тука дојдов само да ти се извинам.