Вицепремиерот задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи не чувствува морална одговорност за магичното исчезнување на имињата на екс функционерите на Груевски, Кирил Миновски и Владимир Пешевски од листата на советници во телото „За татковината со љубов“. Смета дека секој може да учествува во креирање на јавните политики.

– Advertisement –

„Дали чувствувам морална одговорност одговорот ќе биде толку колку што чуствуваат морална одговорност одредени медиуми за тоа дека има колебање дака јас сум заразен до Ковид и дека намерно избегнувам да се појавам во јавноста. Искрено сметам дека една од доблестите на луѓето да разговараат со сите ако сакаме да градиме едно демократско опшество.“

За Битиќи не е спорно што Пешевски му давал совети за креирање на јавни политики, а се води судски случај во кој е обвинет дека му наштетил на државниот буџет. Битиќи ја почитува презумцијата на невиност, односно се додека не е прогласен за виновен, било кој чинител во опшеството може да дава совети.

„Не гледам ништо лошо во тоа да биде прашан било кој и тој да даде мислење особено што ниту едно тие работи кои беа разговарани на тој состанок сеуште не се преточени во било какви јавни политики. И како такво ако тоа е најголемиот грев кои го имам направено секако барам извунување, но не сметам дека зборењето и комуникација со неистомисленици е голем грев.“

Но, пред пет години од СДСМ, партијата во која што членува Фатмир Битиќи, редовно јавно го дескридитираа тогашниот вицепремиер за економија Владимир Пешевски.

„Владимир „дилориентед“ Пешевски е најслепиот извршител на сите коруптивни зделки по нарачка на Груевски. Тој извршува и повеќе од предвиденото. 102,5% секоја луда замисла на Груевски е реализирана директно од ,,дилоринтед“ талентираниот Пешевски.“

Владимир Пешевски е обвинет во случајот „Тракеторија“ за изгрдбатан на кинеските автопатишта. Освен него, обвинети се и Миле Јанакиески, Љупчо Георгиевски како и Никола Груевски. Обвинети се дека нанеле штета на буџетот од 155 милиони евра. Исто така, поради лошиот проект за автопатот Кичево – Струга, граѓаните ќе платат дополнителни 200 милиони евра.

Andrea Cobanova