Кошаркарот на Голден Стејт, Стеф Кари е вториот најпрецизен „тројкаш“ во историјата на НБА.

Триесет и двегодишниот Кари го погоди својот 2.561. удар надвор од линијата за три поени ноќеска на средбата со Јута.

Кари го помина Реџи Милер кој во својата кариера реализира 2.560 тројки.

Лидер на вечната листа е Реј Ален. На сметка се 2.973 погодени шутеви за три поени.