Британското регулаторно тело ја одобри употребата на анти-ковид вакцината на Универзитетот Оксфорд и на фармацевтската фирма „АстраЗенека“.

Генералниот директор на „АстраЗенека“, Паскал Сорио изјави дека денеска е важен ден за милиони луѓе во Велика Британија кои ќе имаат пристап до новата вакцина.

– Се покажа дека е ефикасна, дека добро се поднесува, лесно се применува и „АстраЗенека“ ја обезбедува без добивка, посочи Сорио.