Велешките пожарникари од ТППЕ вчера попладне изгаснале пожар на сува трева во развиена фаза под село Грнчиште и покрај силниот ветар спречиле пламенот да ја зафати блиската борова шума,информираат денеска за МИА од ТППЕ Велес. Од мештаните има сомнение дека пожарот е подметнат бидејќи од местото на настанот забележале возило како се оддалечува.

Од ТППЕ Велес  интервенирале со едно противпожарно возило и четворица пожарникари спасители. Во гаснењето на пожарот дополнително било ангажирано уште едно противпожарно возило со  тројца  пожарникари спасители.

-Со брза интервенција пожарот беше ставен под контрола и целосно изгаснат, потенцираат од  ТППЕ Велес.

Од ТППЕ Велес  апелираат до граѓаните ако забележат пожар веднаш да информираат на  бесплатниот телефонски број 112 или на 193.