Фејсбук статус на Valon Salihu:

„Имам доста пријатели на фејсбуков кои лично ги познавам и максимално се поштуваме.Дел од нив легитимно веќе трет ден по ред искачаат и протестираат пред влада и собраније, а друг дел јавно го истакнуваат својот гнев и бес низ социјалните мрежи.Сум бил у ваши кондури и знам како е. Знае и секој албанец кој пораснал во оваа држава. Затоа, не е мое нит да осудувам, нит да хејтам, а најмалце да солам памет. Секој со своето.

Но едно нешто кое неможам да го сварам, е тоа што трет ден по ред на протестиве не престанува скандирањето за “клетите шиптари” и се прашувам.

Како бе ниту еден од пријателиве не напиша два збора за да се јавно дистанцира или да ги осудува ваквите скандалозни скандирања?

Како еден неалбански медиум не направи вест од ова? Убаво е да си го сакаме своето, но ништо не сме направиле ако не го поштуваме туѓото. Ама искрено да го поштуваме.

Таман ќе си помислам дека почнуваме да созреваме како општество, се дешава вакво нешто и ме враќа у агонија. Идиоти секогаш ќе има.

Жално е да ги имаш до тебе, и да не ги обезхрабруваш. Поразитенно е ова другaри! Многу поразително!“