Шпанскиот фудбалски прволигаш Валенсија синоќа во натпреварот од 22. коло на Ла лига загуби од Хетафе на гостински терен со 1:0. „Лилјаците“ се 19-ти во Ла Лига со 20 бодови, што е најлошиот резултат на клубот во последните четири децении.

Во минатото, сезоната 1982/83 по 22 натпревара, Валенсија освои 17 бода по четирите победи, пет нерешени и 13 загубени средби. Во следното коло клубот на домашен терен ќе го пречека Реал Сосиедад. Валенсија се наоѓа во серија од пет порази. /MИА

Прикажи повеќе