Почетокот на новата сезона во Првата фудбалска лига ќе започне со два одложени натпревари, бидејќи Шкупи и Шкендија утре ги играат првите натпревари во Лига Европа, во Лигата на конференциите. Тетовскиот тим ќе го одигра натпреварот против Скопје на 17 август, додека Чаирчани на гости против Тиквеш ќе играат на 7 септември. Во меѓувреме, со натпреварот меѓу Струга Трим Лум и Победа, во сабота стартува новото издание на Првата лига, додека во недела се среќаваат Силекс – Работнички и Академија Пандев – Брегалница.

Advertisements

Шкендија во четврток ќе игра со АИК од Шведска, во првиот натпревар од третото квалификациско коло во Конференциската лига. Средбата е од 19 часот.

Поранешниот напаѓач на Шкупи, Дембо Дарбое е новиот фудбалер на тимот Ал-Наср во Обединетите Арапски Емирати. Најдобриот стрелец на Чаирчани во две сезони во јануари минатата година се пресели во Белорусија, во Шактјор Солигорск за 700 илјади евра, но летово ја напушти Европа и замина за Арапските Емирати за 1,5 милиони евра. На ваквиот потег на фудбалерот од Гамбија се радува и Шкупи, кој има процент од втората продажба. Имено, тимот од Чаир поседува 25% од правата на фудбалерот, па од овој трансфер ќе инкасираат околу 375 илјади евра.

Махир Тачи

Прикажи повеќе