Косовската претседателка Вјоса Османи изјави дека пред да поминат 24 часа од договорот за Анексот за спроведување на Договорот за нормализација меѓу Косово и Србија, официјален Белград соопштил дека нема да го спроведе. Османи ја повика меѓународната заедница да врши притисок врз Србија за да ги почитува обврските од Основниот договор постигнат во Брисел и од Анексот што страните го договорија во Охрид. Османи рече дека претседателот на Србија го прекршил членот 4 од договорот во кој се вели дека Србија нема да се противи на членството на Косово во меѓународните организации. Според неа, договорот ќе остане во сила и покрај тоа што страните не го потпишаа.

„Мислам дека сите напори, сите притисоци, посветеноста на меѓународната заедница треба да бидат токму на Вучиќ, она за кое тој се договори, а кое во суштина претставува де-факто признавање на Косово, затоа што кога ќе признаете нечиј суверенитет, кога се признава како рамноправен во меѓудржавните односи, кога признавате нечиј територијален интегритет, тоа се државните елементи за државотвортство. Единствено што недостасува е документ за признавање што тој не го потпиша“, рече Османи.

Прикажи повеќе