Чешката експертка за евроинтеграции, Јана Јузова вчера на Твитер ги демантираше силните насловите кои вчера одекнаа во македонските медиуми, во однос на тоа дека земјите од ЕУ не биле консултирани за т.нар. француски предлог.

Јузова објасни дека нејзините коментари не се официјален став на Чешка, бидејќи таа не е претставник на чешкото МНР.

– Сакам да разјаснам дека моите коментари беа темелени на моето долгорочно истражување и мислење како аналитичар на политики кој го следи проширувањето на ЕУ и чешката надворешна политика и тие коментари во никој случај не ја претставуваат официјалната политика на Чешка, напиша Јузова на „Твитер”.

Јузова вчера беше онлајн учесник на форумот на ЕПИ, а во своето обраќање рече дека Чешка и земји-членки се вознемирени поради францускиот предлог за почеток на пристапните преговори со Северна Македонија.

– Според она што го слушнавме од чешкото МНР тие се многу вознемирени од Франција и Бугарија, а причината е што за предлогот не биле консултирани други земји-членки. Била консултирана само Бугарија, а останатите земји биле оставени во темнина, рече Јузова.