Јужна Кореја денеска соопшти дека подигнала борбени авиони и хеликоптери и испукала предупредувачки истрели, откако севернокорејски беспилотни летала го нарушиле нејзиниот воздушен простор, јавуваат агенциите.

Advertisements

Јужнокорејската новинска агенција Јонхап објави дека Сеул ги следел беспилотните летала како ја преминуваат од Северна Кореја преку воената демаркациска линија меѓу двете земји, пренесува Ројтерс.

Министерството за транспорт на Јужна Кореја соопштило дека на барање на војската се суспендирани летовите од аеродромите „Инчеон“ и „Гимпо“. Официјални претставници на Сеул не соопштиле дополнителни детали за прекинот на летовите.

Ова е првпат севернокорејски беспилотни летала да навлезат во воздушниот простор на Јужна Кореја од 2017 година.

Инцидентот се случи три дена откако Јужна Кореја соопшти дека Пјонјанг тестирал две балистички ракети со краток дострел во последниот тестирања на оружје.

Прикажи повеќе