Јувентус синоќа на свој терен загуби од Фиорентина со 3:0 во 14. коло од Серија А. Ова е најголемиот пораз во домашните натпреварувања за „Старата дама“ од 30 јануари 2019 година. Тогаш тимот загуби од Аталанта со ист резултат во Купот на Италија.

На домашен терен, Јувентус нема претрпено пораз од три гола од 3 април 2018 година, кога беше совладан од Реал Мадрид (3:0) во Лигата на шампионите.

Воедно, ова е исто така најголемиот пораз на „Бјанконерите“ во Серија А од 9 јануари 2011 година (0:3 од Наполи).

На домашен терен во италијанскиот шампионат, клубот нема загубено три или повеќе голови од 6 јануари 2011 година – тогаш беше 1:4 со Парма.