Утре вечер се игра реваншот помеѓу Јувентус и Интер во полуфиналето во Купот на Италија. „Старата дама“ славеше на првиот меч како гостин со 2:1 и има големи шанси да обезбеди пласман во финалето.

Во пресрет на овој меч, една лоша и една добра вест за Јуве. На утрешниот меч тренерот Андреа Пирло нема да смета на Бонучи кој се жали на ситна повреда, но нема да ризикуваат бидејќи следуваат и мечевите во ЛШ. Добра вест е тоа што се браќа Дибала, но ќе биде на клупата.

loading…