Заменик претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска смета дека ова парламентарно мнозинство има сила да изнајде решение за спроведување на уставните измени. Таа во интервју за Радио Слободна Европа изрази оптимизам дека измените ќе поминат.
Но, како ќе се случат уставните измени кога пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се против?
Според Лукаревска предвремени избори не треба да има. Избори ќе има во 2024 година, а дотогаш државата треба да се справи и да изнајде решение за енергетската криза, вели таа.
Како директорка на УЈП, Лукаревска говореше и за зголемувањето на повратот на ДДВ. Според неа, ова треба да се случи со цел подобрување на животниот стандард во семејствата.