Францускиот уставен совет го потврди законот со кој се воспоставува проширена употреба на санитарни дозволи и задолжителна вакцинација на медицинскиот персонал. Тие две клучни мерки против коронавирусот се дел од стратегијата на претседателот Емануел Макрон, но предизвикаа незадоволство кај граѓаните кои протестираа низ Франција веќе неколку саботи. Здравствениот пасош кој вклучува доказ за вакцинација, минато заболување или негативен тест за коронавирус, е задолжителен од 21 јули за влез на културни и забавни настани, музеи, театри или кина. Оваа пропусница од 9 август ќе биде задолжителна за ресторани, барови и подолги патувања со автобус, воз и авион.

Advertisements

Францускиот парламент го усвои законот на 25 јули, но левичарските пратеници побараа мислење од Уставниот совет, гарант за почитување на Уставот и основните права. Судиите на Уставниот совет оценија дека санитарната дозвола е резултат на „баланс“ помеѓу јавните слободи и здравствената заштита. Санитарните прописи ги оспоруваат Французите, кои одржуваат протести за време на викендите. Повеќе од 200.000 луѓе се собраа низ целата земја минатата сабота. Во Франција, речиси 54 проценти од граѓаните се целосно вакцинирани против коронавирусот, но бројот на заразени расте во последниве денови. Во Франција, повеќе од 112.000 луѓе починаа од коронавирус од почетокот на епидемијата.

Прикажи повеќе