Принцот Ендру сака да ги следи стапките на принцот Хари и да стане Американец.

Инсајдерот вели дека „Ендру е помалку загрижен за губење на титулите и официјалните кралски улоги отколку што мислат луѓето“.

„Тој внимателно следеше се што правеа Хари и Меган во Америка. Тие успеаја да воспостават нов работен век далеку од кралското семејство и ова е нешто што Ендрју го следи многу, многу внимателно. Тој е многу заинтересиран за деловната и добротворната страна на нештата, наместо да прави нешто во Нетфликс“, изјави извор за The News.

Да потсетиме, британскиот принц Ендру ги загуби покровителските и воените титули откако беше обвинет за сексуален напад и откако се дозна за неговите блиски врски со Џефри Епштајн.