Шпанија и Португалија веќе потврдија дека ќе бидат кандидати за заедничка организација на Светското првенство во 2030 година, но сега ќе вклучат и изненадувачки трет партнер.

Ни помалку, ни повеќе, се работи за Украина, земјата во која во моментов се води војна и која сака да испрати посебна порака со приклучување на други две европски земји во организацијата на мундијалот.

Украина би имала симболично учество без разлика на ситуацијата во земјата, но Шпанија и Португалија сметаат дека на тој начин ќе добијат дополнителна предност во однос на ривалските кандидатури и полесно ќе го добијат мундијалот кој веројатно ќе се одржи во Европа.

Очекувањата се дека во Украина би се играле натпревари од само една група, Португалија би била домаќин на три, а Шпанија на единаесет стадиони, концепт кој допрва ќе биде претставен од кандидатското трио.

„Тајмс“ тврди дека Шпанија, Португалија и Украина ќе бидат големи фаворити и овој концепт е голем удар за идејата за заедничка кандидатура на Грција, Египет и Саудиска Арабија кои сакаа да го промовираат концептот на организација на мундијалот на три различни континенти.

Прикажи повеќе