Како што информираат од тетовската прволигашка екипа, Шкендија е најдобриот тим од Македонија во Европа во последната деценија.

Веќе години наназад Шкендија стана водечка фудбалска сила во нашата земја, имаше успешни настапи во европските купови каде меѓу другото во овој период играше трипати по ред во плеј-оф фазата на Лига Европа.

Од 2014 година се редовни учесници во елиминациските рунди на УЕФА натпреварувањата, така, со самиот факт што успешно се претставија, и носи ефект во однос на пласманот.

УЕФА го објави рангирањето на клубовите според резултатите забележани на меѓународната сцена, во Топ 500 клубови, Шкендија е рангирана на 284 место, со постојан тренд на пораст по секоја наредна година. Од другите македонски клубови, Вардар е на 366-то место, додека Работнички е рангиран на 380-та позиција.

Според резултатите запишани во последните 10 години во европските купови, најуспешен клуб е Реал Мадрид, следен од Баерн Минхен, Барселона, Атлетико Мадрид и Челси кои ја комплетираат првата „петка“.