Шпанскиот судија Антонио Мигел Матеу Лајоз ќе ја дели правдата на последниот натпревар од Лигата на шампионите помеѓу Манчестер Сити и Челзи, потврди УЕФА.

Дуелот меѓу англиските клубови е закажан на 29 мај во Порто, иако првично беше кажано дека градот на Босфор ќе биде домаќин, но поради лошата епидемиолошка состојба во Турција и одлуката на Велика Британија да ја стави земјата на „црвена листа“, финалето ке се игра во Порто.

Шпанецот Лахоз неодамна беше делегиран да го суди „Ел Класико“, но поради повреда на мускулот, тој му го препушти местото на Хесус Хил Манзан.

На решавачкиот натпревар од Лига Европа помеѓу Виљареал и Манчестер Јунајтед, Французинот Климент Турпан ќе биде во центарот.

Град домаќин е Гдањск, Полска, а натпреварот е закажан за 26 мај.