Европската куќа на фудбалот (УЕФА) го возвраќа ударот. Во денот кога е најавен почеток на Европската супер лига, за што има бурни реакции, УЕФА најави нов формат на Лигата на шампионите кој ќе стапи на сила од 2024-та година.

Ќе има само една група од 36 екипи, а секоја екипа ќе одигра вкупно 10 натпревари и тоа по швајцарски модел. Осумте најдобри екипи ќе обезбедат директен пласман во нокаут фазата, а ќе има и промени во жрепката.

Доколку се усвои конечниот предлог, сите учесници во новиот формат на Лигата на шампионите на жрепката ќе бидат поделени во четири „дивизии“ по јачина, а потоа ќе се одредува со кои противници ќе игра секој тим во првата фаза.