Поранешниот премиер на Бугарија, Бојко Борисов, заедно со поранешниот министер за финансии Владислав Горанов и поранешната шефица на Комисијата за буџет се уапсени, соопштува БНТ.

Според информацијата нивното апсење се случило во рамките на поголема операција на Главната дирекција на Националната полиција за злоупотреби со пари од евро фондовите. Освен нив е уапсена и поранешната портпаролка на Борисов, Севдалина Арнаудова.

Во тек се претреси на повеќе од 120 адреси во Бугарија. Во операцијата најверојатно е вклучено и Европското обвинителство.

„Нема никој пред законот“, напиша пред неколку минути на социјалната мрежа фејзбук бугарскиот премиер Петков.

Извор: Трибуна