Откако „Уан-Плус“ ги претстави своите нови паметни телефони „Уан-Плус 9“ и „Уан-Плус 9 про“, и подостапниот „Уан-Плус 9-Р“ излезе на пазарот.

Се работи за уред што чини околу 550 американски долари (465 евра), наспроти поскапиот „Уан-Плус 9“ кој чини од 729 долари и „9 про“ со цена 969 долари. Моделот „9-Р“ нема камера „Хаселблад“. Поскапите модели имаат нов хардвер со поголема резолуција, како и главна камера од 48 мегапиксели со оптичка стабилизација. „Уан-Плус 9-Р“ има ултра-широка камера од 16 мегапиксели од напред, макрокамера од 5 МП и монохроматски сензор од два МП.

Уредот има и ОЛЕД-екран од 16,6 сантиметри, со резолуција од 1080 пиксели и фреквенција од 120 херци, потоа – процесор „Снепдрагон 870“ на Квалком, РАМ-меморија од 8 и 12 гигабајти и 128 гигабајти внатрешна меморија. Се напојува со батерија од 4.500 мегаампер-часови со полнење од 65 вати за помалку од 40 минути. Безжичното полнење не е поддржано.

„Уан-Плус 9-Р“ во мигов е достапен во Индија, но наскоро би требало да се појави и на европскиот и на северноамериканскиот пазар.