Продуцентите на долгоочекуваната кам-бек епизода на „Пријатели“ се соочуваат со обвиненија за расизам откако се дозна дека во новите епизоди нема црни актери. Со враќањето на серијата ќе се обединат шесте големи sвезди, но списокот на актери-гости, објавен од „HBO“, доби остри критики поради недостаток на разновидност.

Меѓу гостите на епизодата, што ќе се емитува во САД на 27 мај, 17 години по последната од оригиналната серија, се Малала Јусафзаи, активист за образование на жени во Пакистан, како и к-поп бендот „BTS“, но за жал нема ниту една црна sвезда. Дури и оригиналниот црн лик на „Пријатели“ – девојката на Рос, д-р Чарли Вилер, чија улога ја толкуваше Ајша Тајлер – нема да се појави на собирот.

Одлуката предизвика негодување на социјалните мрежи, а еден обожавател напиша:

Откако по 10 епизоди нè убедија дека во Њујорк нема црнци или кафени луѓе, тие ангажираат 25 познати личности и некако повторно избегнуваат да најдат барем еден црнец“.

Меѓу останатите коментари се здвојуваат и: „Собирање на пријатели! Толку многу нови пријатели! И никој од нив не е црн” и „Поминаа 17 години и сè уште немате стекнато црни пријатели?

Ова не е првпат серијата „Пријатели“ да биде критикувана за расизам. Во книгата „I’ll be there for you – The One about Friends“, авторката Келси Милер пишува дека помошничката сценарист Амани Лајл го одвела сценаристот на серијата на суд поради недолично и расистичко однесување.

„Лајл не веруваше дека проблемот лежи во брзината на нејзиното пишување. Таа беше уверена дека проблемот всушност беше фактот дека е црна жена која работи на серија за која е познато дека нема расна разновидност – и дека се осмели да го истакне тоа за време на нејзината работа. Лајл сведочеше, протестирајќи против постојаниот недостаток на разновидност во „Пријатели“ повеќе од еднаш, убедувајќи ги Чејс и Малинс да ангажираат црни актери (или барем статисти) предложувајќи приказни со црни ликови. Нејзините предлози и критики не беа дел од описот на нејзината работна позиција. Но не беа ниту нивните навреди. Таа веруваше дека Чејс, Малинс и Рајх едноставно не ја сакаат. Лајл веднаш поднесе жалба до „Одделот за фер вработување и домување“, тврдејќи дека била отпуштена поради одмазда заснована врз родова и расна дискриминација, додавајќи дека за време на работењето на „Пријатели“, таа била изложена на расна и сексуална злоупотреба“, се наведува во книгата.