Турција денес беше погодена од земјотрес со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала, објави Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.

Како што е наведено, епицентарот на земјотресот бил на длабочина од седум километри, околу 57 километри југоисточно од градот Баликешир во западна Турција.

Досега нема извештаи за повредени или материјална штета.

Ова подрачје веќе беше погодено од земјотреси, на почетокот на август и почетокот на септември, потсетуваат медиумите.

Фото: принтскрин

Текстот Турција погодена од земјотрес со јачина од 4,6 степени е превземен од МАКФАКС.