Одбојкарската репрезентација на Турција по втор пат со максимални 3:0 во сетови ја совлада селекцијата на БиХ во квалификациите за ЕП.

Ова беше трета победа во третиот натпревар за Турција на турнирите кои се играат во Скопје и речиси сигурно го обезбеди пласманот на Европското првенство. На втората пресметка против БиХ, Турците настапија во подмладен состав но и тоа не им претставуваше проблем да забележат убедлив триумф. Првиот сет заврши со убедливи 25:9 за фаворитот кој во вториот и третиот сет го намали ритамот и славеше со 25:19 односно 25:18.

Утре од 18. часот се игра последниот натпревар на вториот квалификациски турнир на кој Македонија ќе брка победа против Турција која ни носи пласман на ЕП, а во спротивен случај ќе мораме да го чекаме расплетот од останатите групи.

Босна и Херцеговина со четири победи ги комплетира овие квалификации за ЕП, додека Турција е максимална досега. Македонија има теоретска шанса да ја презеде лидерската позиција и директно да патува на континенталниот собир, ама само ако победат без загубен сет утре против Турција. Во поинаков случај, ќе мора да се чека разврска од останатите групи.