Наспроти дилемите дека одредбите на билатералниот протокол со Бугарија оставаат простор за слободно толкување на говорот на омраза,односно дали тоа ќе значи и цензура, министерот Тупанчевски тврди дека протоколот бил прилично апстрактен и говорот на омраза не секогаш треба да се поврзува со Бугарија..
Тупанчевски изјави дека најновите измени во кривичниот законик каде што е додаден делот на омраза предизвикана „врз основа на закон или ратификуван меѓународен договор“ немале никаква поврзаност со неодамна потпишаниот билатерален протокол со Бугарија и дека додавките се резултат на одредени меѓународни стандарди кои произлегуваат од дефинирањето на поимот омраза.