Стоперот на Лајпциг, Јошко Гвардиол, одигра одличен меч против Манчестер Сити во првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите (1:1). Тој успеа да го запре Ерлинг Халанд и постигна импресивен гол носејќи реми за својот тим.
Не е тајна дека Гвардиол сака да го напушти Лајпциг и да замине во Англија. Тој го изјави ова во неодамнешното интервју за „Тајмс“, во кое откри и дека бил несреќен кога Лајпциг минатото лето ја одби понудата на Челси за него.
По феноменалната партија на Гвардиол против шампионот на Англија, новинарите го прашаа Марко Розе, тренерот на германскиот тим, дали неговиот стопер заминува на лето.
„Гвардиол ќе остане и следната сезона. Јошко ми рече дека е среќен овде. Да, тој рече дека сака да игра во Англија, но не кога“, одговори тренерот на Лајпциг.