Поранешниот американски претседател Доналд Трамп се нарече себеси голем „фан“ на вакцините против новиот коронавирус.

– Можам да се сметам за голем обожавател на вакцини. Благодарение на мене, тие беа развиени толку брзо, рече републиканецот во изјава за Фокс њуз. – Ги направивме само за девет месеци, иако обично се потребни пет години. Демократите воопшто не би ги направиле, така што јас сум навистина голем „фан“ на вакцините, рече Трамп.

Во исто време, поранешниот претседател се спротивстави на задолжителната вакцинација на населението, нарекувајќи се себеси „голем фан на слободата“. – Луѓето треба сами да одлучуваат. Но, јас би препорачал да се вакцинирате за да се заштитите. Вакцините се неверојатни, заклучи Трамп, повторувајќи дека смета дека „задолжителната вакцинација е лудост”.

Според Универзитетот Џонс Хопкинс, во САД се евидентирани повеќе од 35,7 милиони случаи на инфекција со коронавирус, а повеќе од 616,7 илјади луѓе починале. Земјата е рангирана на прво место во светот по двата показатели. Од еодамна, повеќето нови случаи се должат на делта варијантата.