Доналд Трамп се обрати синоќа преку видео порака, во која ја потенцираше работата на својата администрација, особено во развојот на вакцината против Ковид-19.

-САД произведоа вакцина против коронавирусот во рекорден рок. Точно предвидов дека тоа ќе се случи до крајот на тековната година, истакна Трамп.

Тој изјави дека вакцината е „вистинско чудо на медицината без преседан“, која ќе биде достапна за секој Американец на почетокот од 2021 година. Исто така, додаде и дека САД ја испорачуваат вакцината насекаде низ светот и сите ќе имаат корист.

Трамп укажа и на економската помош за најпогодените од пандемијата на Ковид-19, вредна повеќе илјади милијарди долари.  (МИА)