Првпат по минатонеделните немири во Конгресот на САД, претседателот Доналд Трамп денеска треба да се појави во јавноста, и тоа во Тексас, во посета на изградбата на ѕидот на границата со Мексико.

На сајтот што ги следи работните активности на Трамп, се наведува дека претседателот денеска ќе работи од рано наутро до доцна навечер и ќе има многу повици и средби.

Трамп таму планира посета на пограничниот град за инспекција на градбата на ѕидот што тој нареди да се гради на границата со Мексико.

Во меѓувреме во Вашингтон, демократите во Конгресот продолжуват со подготовките за негово второ отповикување. Процедурата со гласање за отповикувањето се очекува да се случи утре.

Избраниот претседател Џо Бајден пак, денеска нема да има јавни настаи, само средби со советници за трансфер на власта, во екот на неговите подготовки за влез во Белата куќа, што треба да се случи следната недела. (МИА)